СЗО: Вчера светот го достигна пикот на новозаразени

Вчера е забележано најголемо зголемување на бројот на заразени со коронавирус за еден ден од почетокот на пандемијата, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Повеќе од 183.000 нови случаи се регистрирани вчера ширум светот.Здравствената агенција на ООН соопшти дека Бразил води со 54.771 случаи, а потоа следат САД со 36.617. Повеќе од 15.400 заболени биле пријавени во Индија за еден ден.

Експертите велат дека зголемувањето на бројот на случаи може да е резултат на повеќе фактори, вклучително и повеќе тестирање, но и ширење на инфекцијата.

За време на пандемијата, СЗО пријавила 8.708,008 случаи, од кои 183.020 во последните 24 часа.Од почетокот на болеста, во светот се регистрирани 461.715 смртни случаи, со дневен пораст во недела од 4.743 случаи.

Повеќе од две третини од овие нови смртни случаи се пријавени во Северна и Јужна Америка.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Милошоски нема корона

Почитувани пријатели,и вториот лабораториски наод од земен брис испадна со негативни резултати.Се надевам дека овие неколку денови ќе…