Тачи : Косово е приказна за успехот и на тоа сум многу горд

Претседателот на Косово Хашим Тачи пристигна околу 13 часот во зградата на Обвинителството во Хаг на сослушување околу обвинението против него и Кадри Весељи за воени злосторства извршени на Косово. Тачи треба да заврши со давањето исказ, а потоа би требало да дознаеме зошто бил во Хаг. Се претпоставува дека Тачи одговарал само на дополнителни прашања во рамки со барањето на судот. Судијата за претходна постапка има шест месеци да ја заврши истрагата а што понатаму ќе се знае во октомври.

Тачи денес кога пристигна пред зградата на Обвинителството го пречекаа десетина негови и симпатизери на УЧК, кои дојдоа да му пружат поддршка.

Тој, пред да влезе во зградата, изјави дека дошол во Специјалниот суд во Хад поради она што го сонувал и за што се борел, а дека немало злосторства.

„Се борев за независно, слободно Косово засновано врз еднакви права, мултиетничко општество и владеење на законите. Спремен сум да се соочам со новиот предизвик и да триумфирам за својот син, семејството, народот и својата држава. Никој не може да ја прекројува историјата. Ова е цената за слободата. Верувам во мир, вистина и правда“, кажа Тачи претходно денес.

„Верувам во дијалог и добри односи со сите соседи. Косово е приказна за успехот и на тоа сум многу горд“, кажа Тачи пред Специјалниот суд.

Тој додаде дека крајното одредиште на Косово се НАТО, ЕУ и трајното пријателство со САД.

https://www.facebook.com/HashimThaciOfficial/videos/301528647896817/

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Мијалков стана дедо

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков пред да оди на издржување на затворската казна…