Тале Герамитчиоски, поранешен пратеник на СДСМ, ја изгубил битката со ковид-19

Тале Герамитчиоски (59), поранешен заменик-министер за образование и пратеник на СДСМ, починал синоќа, според информациите, од компликации од ковид-19.

Герамитчиоски, кој е роден и живееше во Прилеп, беше заменик-министер во периодот 2002-2006 година, во тогашната влада на СДСМ, по што беше избран за пратеник на изборите во 2006 година. Беше професор на Техничкиот факултет на Универзитетот во Битола.

Сопартијци од СДСМ преку социјалните мрежи се збогуваат со Герамитчиоски.

„Тале ќе недостига во неговиот Прилеп, во универзитетската област во регионот и во државата, во Битола, на неговите студенти, на сите нас кои го познававме и соработувавме со него“,

напиша на Фејсбук заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

Прилеп е една од најпогодените општини од почетокот на епидемијата на ковид-19. Според вчерашната ковид-статистика на Министерството за здравство, од почетокот на епидемијата таму се регистрирани 6 529 случаи, од кои 940 се активни, со што, од градовите во внатрешноста, Прилеп е прв според бројките на заразени. Од вкупно 457 нови случаи во текот на вчерашниот ден, 32 се регистрирани во Прилеп, од каде што се и шестмина од вкупно 30 починати.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави