Таравари: ДУИ е луда банда која преживува нервна криза!

Генералниот секретар на Алијансата на Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, вели дека ДУИ поминува нервна криза неспремна да го прифати поразот на изборите.

На неговиот фејсбук профил Таравари напиша дека ДУИ ја завршува лажната политичка кариера преку освета на претставниците на албанската опозиција.

„Во рамките на овие криминални аманети, по градоначалникот на Боговиње, сега на ред е Гостивар. Претседателот на огранок на АА, Јетон Селими, е повикан на информативен разговор во полиција вршејќи му психолошки терор. Запрете ја ова луда банда затоа што толку го зголемил зулумот што ќе го снајде уште посрамен крај од она што се очекуваше“, пишува Таравари. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Јанева си заминува: Нема да дозволам моето име да биде искористено за нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на СJO и Европските интеграции на мојата земја

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поднесе оставка и соопшти зошто тоа го прави. Во продолжение целото писмо до…