Таравари: Ние сме шампиони во регионот по починати од корона

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари тврди дека Северна Македонија е апсолутен шампион во регионот по починати од корона вирусот на милион жители.

– Во Македонија за жал процентот на ковид-19 секојдневно расте, да не збориме за морталитетот. Македонија е апсолутен шампион во починати на милион жители во регионот, ние сме со 400, после нас е Косово, па БИХ, изјави Таравари за ТВ24.

Тој смета дека есенскиот бран е почнат и се очекување бројот на заразени да се зголемат поради заладување на времето, но и поради отворањето на градинките и училиштата, свадбите и семејните прослави.

„Јас сум за да работат рестораните но да се придржуваат на протоколите. Против сум да се затворат бидејќи тоа ќе биде економска катастрофа. Видовме што се случи тие два три месеци кога не работеа рестораните и кафулињата“, додаде Таравари.

Total
0
Shares
Поврзани објави