Тасевски го обвинува Караџовски за промашување на проценката за короната

Актерот Сашо Тасевски вели дека докторот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје направил лоша проценка за развојот на пандемијата на корона вирусот.

Тасевски на фејсбук потсетува дека Караџовски на почетокот на пандемијата убедувал дека ќе имаме само 2500 заразени и околу двеста мртви, додека реалната сотојба е 1000 починати и 25000 заразени.

„Денес истиот тој фраер, шири невидена паника и повикува на спроведување најстроги мерки за заштита, иако некои од нив го кршат уставот, да ти влегува дома полиција по допрен глас, не зашто чуваш пет кила кокаин, туку ако имаш повеќе од пет гости дома“, пишува Тасевски.

Тој вели дека кога биле важни изборите да останете на власт работеле кафани, плажи диска, концерти да има, а сега се применува силеџиска пракса.

„Караџовски кој сакаш да ти верува по сето ова до сега видено и невидено? Па уште народот крив?“, прашува Тасевски.

Total
0
Shares
Поврзани објави