Таткото на заклучените деца бил повикуван на разглас но не се појавил

Деновиве социјалните служби треба да одлучуваат околу судбината на дечињата кои таткото ги заборави заклучени во автомобил во Ново Лисиче. Децата се во згрижувачко семејство, а надлежните органи и полицијата треба одлучат дали тој има одговорност и дали децата ќе може и понатаму да ги гледа и чува бед надзор на социјален работник.

Според очевидци на настанот во близина на локалниот парк се одржувала забава по повод празникот Богородица. Имало многу народ. Дел од оние кои поминувал низ околните паркинзи чуле деца дека молат за помош и не може да излезат од заклучен автомобил. Повикале полиција, но претпоставиле дека родителот кој ги заклучил можеби е на локалната забава. Забавата била неколку пати прекинувана и бил повикан сопственикот на автомобил алфа ромео да оди кај колата оти има заклучено деца. Но полицијата не го сочекала реагирала ги извадила децата кои од страв само молчеле во рацете на полициајците. Таткото за кој подоцна се дозна дека ги заклучил децата ни половина час по повиците на разгласот не се појавил на местото. Децата биле однесени со брза помош во болница, по што полицијата го пронашла. Бил во близина но се уште не е јасно дали како гостин во околните згради и дали тао е причината да ги заклучи децата кои се на три и седум годишна возраст.

фото: илустрација

Total
0
Shares
Поврзани објави