Те фатив, дописнокот на Гардијан за фотографијата на Груевски во Будимпешта

„Те фатив! Избеганиот бивш македонски премиер Никола Груевски забележан во Будимпешта“, напишал дописникот на Гардијан од Унгарија Ден Нолан на Твитер и ја постирал фотографијата.

Нолан фотографијата ја постирал вчера нешто пред 18 часот, а на неа се гледа како Груевски шета пред штанд на туристичките автобусчиња за разгледување на градот „Качи се, симни се“ (Hop on, Hop off), во центарот на Будимпешта.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави