Tелефонски броеви за пријавување на сомнителни случаи на заболени со коронавирус

Министерот за здравство Венко Филипче попладнево на својот фејсбук-профил објави телефонски броеви на кои може да пријават сите сомнителни случаи налик на коронавирус. Министерството за здравство објави листа на 14 телефонски броеви со кои се покрива територијата на целата држава и се поделени на повеќе региони. На овие телефонски броеви можат да се јават и сите оние кои пристигнуваат на територијата на земјава, а се сомневаат на одредени симптоми.

Total
0
Shares
Поврзани објави