Терористички напад во Виена, повеќе жртви и повредени

Австриската полиција потврди дека повеќе лица се загинати и повредени во напад во центарот на Виена кој се уште е во тек. Полицијата се сомнева дека повеќе напаѓачи се инволвирани во нападот.

Во терористички напад, кој се уште е во тек, во австрискиот главен град Виена најверојатно има повеќе жртви и повредени, потврди министерот за внатрешни работи Карл Нехамер. Тој вели дека властите се сомневаат дека повеќе осомничени напаѓачи се вмешани во нападот и се уште се активни.
Од жителите се бара да останат во своите домови.

Првичниот напад веројатно се случил во близина на градската Синагога, иако останува нејасно дали синагогата била цел на нападот. Синагогата веќе била затворена кога започнал нападот.
Австриската новинска агенција АПА јавува за еден убиен напаѓач и за уште еден кој е во бегство.
Во центарот на градот е запрен јавниот сообраќај, а полицијата бара од граѓаните да не објавуваат видеа од настаните за да не ги загрозуваат животите на полицајците.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Бојкотот никогаш не е решение, само ги збунивте оние што сакаа да гласаат „против“, вели Дескоска на отворените прашања од професорката Бузалковска од ФДУ

Министерката за правада Рената Дескоска вели дека Министерството за правда нема никаква надлежност над контрола на законитоста на…