За пет месеци тетовци платиле 73.520 евра за неносење на маски

За пет месеци тетовци платиле над 70 илјади евра казни за неносење на заштитни маски. Од 1-ви мај 2020 година кога стапи на сила владината уредба за задолжително носење заштитни маски на лицето за превенција од ширење на коронавирусот на тетовското подрачје досега изготвени се 3676 поднесоци односно платни налози, информира денеска СВР Тетово.

Сите граѓаните кои добиле таков платен налог платиле по 20 евра во денарска противвредност. Тоа се вкупно 73.520 евра платени казни од граѓаните.

Тетовската полиција неделава значително ги засили контролните кои се однесуваат на користење заштита на лицето во возила, патнички, комбиња и автобуси, а кои континуирано се реализираат неколку месеци наназад.

На сите што не носат заштитна маска, на начин и место утврдени со владината уредба, им се изготвуваат поднесоци.

МВР им укажува на возачите и другиот работен персонал во комбиња или автобуси стрикно да се придржуваат на Уредбата за која станува збор и да не превезуваат лица без заштитни маски, но и повеќе од максимално дозволениот број на патници. Во спротивно возилата ќе бидат исклучувани од сообраќај и ќе им се изготват поднесоци, не само на физички, туку и на правните лица, се вели во соопштението на СВР Тетово.

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за неносење заштитни маски на 34 лицa изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.

Total
0
Shares
Поврзани објави