Tетовско и гостиварско – серија земјотреси пред и по полноќ

Од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопштија за еден од нив кој бил во 23 часот и 59 минути, со епицентралното подрачје Тетово-Гостивар и локална Рихтерова магнитуда од 2.9 степени

Серија земјтреси со интензитет од 2,5 до 3,2 степени според Рихтеровата скала се регистрирани синоќа околу полноќ во период од еден час околу полноќ во околината на Тетово и Гостивар.

Од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопштија дека за еден од нив во 23 часот и 59 минути, со епицентралното подрачје Тетово-Гостивар на 65 километри југозападно од Скопје, со локална Рихтерова магнитуда од 2.9, а бил почувствуван од населението во Маврово, Гостивар, Тетово и Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

На страницата на Европскиот макросеизмички центар се објавени три земјотреси од кои првиот бил на една минута пред полноќ (2,9), вториот половина час подоцна (3,2) и третуот пет минути пред 1 часот (2,5 степени) во истото подрачје.

Total
0
Shares
Поврзани објави