Тимоние: Што сте запнале за тој датум? Имате многу корупција и проблеми

Францускиот амбасадор во Скопје, Кристијан Тимоние денеска предизвика изненадување на трубината во хотелот „Холидеј Ин“, каде во својот настап индиректно најави дека Македонија нема да добие датум за преговори со ЕУ ниту во октомври.

На работниот семинар за администрацијата учествуваше и министерот Дамјан Манчевски, а претседавач беше новинарот Васко Попетревски, објавува Магазин.

-Што сте запнале со тој датум? Па имате толку многу проблеми. Во Струга градоначалникот се однесува скандалозно, УНЕСКО ќе ви го одземе статусот на Охридско Езеро, имате толку многу корупција, се менуваат директори на школи на дилетантски начин, блесаво е да барате датум за преговори овој период, имате толку многу проблеми, ќе треба уште да работите за да бидете спремни за датум, чудна ми е таа ваша опседнатост со датумот! Ние не треба да ве оставиме изолирани без пат кон ЕУ но не треба ниту да ви прогледуваме низ прсти, изјави францускиот амбасадор Тимоние, после неколкуте инсистирања на модераторот дека датумот во октомври треба да е сигурен.

На ова модераторот Васко Попетрески, новинар во ТВ Алсат, му постави прашање на амбасадорот: “Добро ако ние не сме спремни, како тогаш Србија преговара, а владее режим на Вучиќ, како Црна Гора преговара кога немало политичка промена на власта 30 години?!“

На ваквото прашање амбасадорот Тимоние одговори кратко и отсечно:

-Па еднаш се изглупиравме, по вторпат нема да се изглупираме. Тезите дека еве ќе почнеме преговори па после додека преговараме ќе се реформираме, веќе не држат. Нема да се случи тоа, треба да разберете, имате многу проблеми и не треба да се правиме слепи пред нив.

По својот говор, Тимоние на сред конференција стана и ја напушти салата во Холидеј Ин.

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, молчеше на овие констатации и ниту зема збор, ниту му реплицираше на францускиот амбасадор.

Total
0
Shares
Поврзани објави