Тинејџер загина во тешка сообраќајна незгода во Прилеп

Во близина на бензинска пумпа на влез-излез од Прилеп рано наутро патничко моторно возило “Хјундаи“ со прилепски регистарски ознаки управувано од А.Ј.(19) од Прилеп изгубило контрола и излетало од коловозот.

По незгодата со возило на итна медицинска помош возачот и сопатничката В.Ч.(19) од Прилеп биле пренесени во Општата болница Прилеп каде што кај А.Ј. била констатирана смрт.

Кај сопатничката В.Ч. биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

Total
0
Shares
Поврзани објави