Трет пожар во државна институција каде се уништуваа важни документи

Пожарот што вчера ги зафати просториите на Државниот инспекторат за животна средина е трет случај по ред во кој се уништуваат важни документи од државни институции.

Пред две години се случи голем пожар на четврти кат во Министерство за правда, каде исто така изгоре целата документација и опрема по канцелариите.

Неколку канцеларии беа целосно уништени, а најголемото оштетување претрпе дел од документација за меѓународна правна помош, дел од сметководство и дел од секторот за финанисии на Министерство за правда. За овој пожар никој не одговараше.

Во 2013 година изби голем пожар во главната зграда на Македонски пошти, во времето на директорување на Рафис Алити.

Уникатната зграда е уништена, а внатре со неа и непроценливите мурали на Борко Лазески.

Арменд Фазлиу, внук на директорот на а.д. ,,Македонска Пошта”, Рафис Алити и шеф на неговиот кабинет и на Секторот за јавни набавки, беше прогласен за виновен за катастрофалниот пожар кој ја уништи зградата на Пошта во центарот на Скопје и осуден на двегодишна затворска казна.

Тој беше обвинет за тешки дела против општата сигурност, а во текот на процесот вештаците потврдија дека пожарот избувнал откако тој фрлил запалена цигара во корпата за отпадоци во неговата канцеларија. Пламенот ја зафатил неговата канцеларија, каде што тој чувал, од само нему познати причини, 25 литри моторно масло, кое било катализатор на огнот.

Уникатната зграда на Македонска пошта сѐ е во очајна состојба по пожарот, оставена на милост и немилост на збот на времето.

Total
0
Shares
Поврзани објави