Tретпат нападнат сопственикот на менувачница што застрела двајца

Вчера попладне во населбата Кисела Вода е натепан и ограбен сопственикот на менувачницата кој пред три години уби две лица кога се обидоа да извршат грабеж во неа.

Настанот бил пријавен во МВР околу 18 часот, а напаѓачите не се најдени. „Констатирано е дека се работи за разбојништво врз лицето Г.А. (1959) од страна на две непознати лица. Со употреба на сила му се одземени пиштол марка „Магнум“ и 20.000 евра“, посочија од МВР.

Ова е трет напад врз човекот кој е сопственик на менувачница. Првиот пат беше застрелан во нога од напаѓачите а вториот пат тој реагираше и застрела две лица.

Total
0
Shares
Поврзани објави