Три дечиња повредени во Скопје, врз нив се срушил ѕид

На 20.03.2020 во 17:41 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.“Ѓуро Ѓоновиќ“ три деца на возраст од 13,10 и осум години биле повредени по пад на ѕид, од објект во изградба.

Тие биле пренесени во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош и од страна на лекар констатирани им биле телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Total
0
Shares
Поврзани објави