Три години затвор за Кичевскиот за случајот Рекет

Зоран Милески Кичеец денеска доби казна затвор од 3 години, а во истата казна ќе биде пресметано и поминатото време во притвор, ова денеска го изрече Кривичниот суд во Скопје.

Од него со судската одлука му се одземаат вредни технички предмети, како и скапи рачни часовници.

До правосилност на пресудата Милески останува во куќен притвор.

Тој беше обвинет во случајот Рекет заедно со Бојан Јовановски и Катица Јанева, но само тој ја призна вината за овој случај кој предизвика скандал од големи размери во изминатиот период во Македонија.

Total
0
Shares
Поврзани објави