Три и пол години затвор за пратеник од ДУИ

Кривичниот суд изрече по три години и шест месеци затворска казна за обвинетите во Титаник 3 Ејуп Аљими и Исмет Гури. Пратеникот од ДУИ во распуштениот собраниски состав Ејуп Аљими денеска не дојде да ја слушне пресудата на скопска единица.

Судот ги огласи за виновни Аљими и Гури за уништувале изборни материјали на локалните избори во 2013 година во Чаир. Тие ги преправале резултатите од гласањето, па така за ДУИ конечните резултати растеле, на ДПА и на ВМРО ДПМНЕ се намалувале. Овие резултати биле пратени во Државната изборна комисија со цел да станат конечни, но не им успеало.

Судењето за предметот траеше околу две години и беа сослушани 30 сведоци. Преметот го започна СЈО го заврши обвинителката фатиме Фетаи која сега е во редовното обвинителство.

Извор: АлсатМ

Total
0
Shares
Поврзани објави