Три коли го прегазиле на автопат, загина познат хулиган од Сплит

Анте Фириќ, хрватски хулиган, кој предизвика немири на дербито помеѓу Црвена Звезда и Партизан, загина во сообраќајна несреќа.
27-годишниот Фириќ се обидел да претрча преку автопатот. Во тој момент, три автомобили налетале на него. Од ударите останал мртвов на место.  

Не е познато зошто Фариќ тргнал да преминува прометен во близина на Иваниќ Град.Во него прво удрило “Хјундаи” со загребски таблички, потоа “Citroen C5” со соловечеки таблички и на крај “Опел Корса” која му поминала преку нозете. Жената која ја возела “корсата” изгубила контрола и удрила во столб по што се превртела на кров.  

Анте Фариќ е познат хулиган од Сплит кој лани предизвика хаос во Белград на дербито меѓу Црвена Звезда и Партизан. Фириќ се изјасни за виновен и беше осуден на шест месеци затвор и пет години за забрана за влез во Србија по издржувањето на казната.

Пред инцидентот во Белград, Фириќ бил познат на хрватската полиција, бидејќи учествувал во напад во познат хотел хотел во Хвар, поради што бил во затвор.

Total
0
Shares
Поврзани објави