Три медицински сестри од Битолската болница на пат за Скопје да помогнат во битката со ковид-19

Иако Клиничка болница Битола е регионален Ковид центар и лекува пациенти од коронавирусот, сепак пожртвувано и несебично утрово испрати свој тим од три сестри во Градската болница ,, 8 Септември” во Скопје за помош.

Во следните денови во Скопје ќе помагаат медицинските сестри Николина Митановска, Виолета Димова и Маријана Невеновска.

Од Клиничката болница во Битола преку социјалните мрежи им се заблагодарија што го прифатија предизвикот и ја покажаа својата хуманост, несебичност и пожртвуваност.

Тие со медицински тимови од целата држава ќе помагаат во Скопје на пациенти кои поради КОДИД-19 стигнале до болничко лекување.

Инаку, во Битолската болница бројот на пациенти со коронавирус е над дваесетина и вработените во Ковид одделот секојдневно водат битка за да им се помогне на заболените пациенти.

Извор: apla.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави