Тројца починати, 163 новодијагностицирани со ковид и 40 оздравени пацеинти

Во последното деноноќие регистрирани се 163 новозаболени од ковид 19, тројца се починати, а излекувани се 40 пациенти. Министерство за здравство соопшти дека од направените 1074 тестирања најмногу пациенти повторно се регистрирани во Скопје, потоа Тетово и Штип.
„Во градската општа болница „8 септември“ починаа три лица, пациент од Ресен на 42години, хоспитализиран на 13 јуни и двајца пациенти од Скопје на 71 година, хоспитализиран на 15 јуни и пациентка на 83 години хоспитализирана на 23 јуни“, вели Министерството за здравство
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата е 5758, бројот на оздравени пациенти е 2206, на починати е 268. Во моментов има 3284 активни случаи.

Total
0
Shares
Поврзани објави