Црн Петок синоќа кај ТЦ „Сити Мол“, со пајак подигнати 21 автомобил

Полицијата синоќа во рамки на контрола на улиците кои гравитираат околу ТЦ ,,Сити Мол” во Скопје за да овозможи нормално одвивање на сообраќајот подигнала 21 моторно возило со специјално возило „пајак” и врачила 26 мандатни платни налози.

Од нив седум платни налози биле за паркирани возила на коловоз, седум платни налози за паркирани возила на тротоар, зеленило и дванаесет платни налози за паркирани возила на автобуско стојалиште.

Полициската акција се реализирала синоќа во периодот од 19:00 до 23:00 часот од Одделението за безбедност на патниот сообраќај.

Total
0
Shares
Поврзани објави