Уапсен директорот на затвор Струга, полициски функционери осомничени за трговија со дрога

Во моментов во Струга се одвива полициска акција за разбивање на мрежа за продажба на дрога во Струга, а меѓу уапсените неофицијално е и директорот на затворот и полициски инспектор.
Акцијата резултира со чистење на полициските структури од криминал и корупција, односно акцијата е насочена главно кон претставниците на законот, кој наместо да го спроведуваат тие соработуваат со дилерите.
Според информациите на АЛСАТ М во операцијата во с. Ливада и Струга се приведени неколку лица, а меѓу осомничените и директорот на затворот во Струга, Арменд Шаќири, кој се сомничи за злоуопотреба на службената положба и поддржување на нелегалните активности.
Меѓу осомничените е и еден инспектор, како и претходно осудувано лице за трговија со дрога со иницијали Р.К.

Total
0
Shares
Поврзани објави