Уапсен Љупчо Палевски-Палчо

Љупчо Палевски- Палчо предмалку бил уапсен поради непочитување на мерката за самоизолација.

Палевски пред неколку дена се вратил од странство, но наместо да седи во својот дом, полицијата го пронашла во кафуле во центарот на Скопје.
Во моментов Палевски се наоѓа во полициска станица Центар.

Бизнисменот Палчо, во септември беше приведен на белградскиот аеродром на пат кон Москва, а неодамна, по осум месеци, е повторно на слобода, по што се вратил во Македонија.

Тој беше уапсен по потерница на Хрватска, за некаков наводен долг на негова фирма во оваа земја.

Палчо беше осомничен во една од предистрагите на СЈО „Никола Тесла”, поради што во неговиот дом беше направен претрес.
Наводно беа пронајдени “бомби”, но случајот досега нема завршница.

Total
0
Shares
Поврзани објави