Уасени крадци на велосипеди МВР ги повикува граѓаните на препознавање на украденото

Министерството за внатрешни работи информира дека во изминатите два дена по преземени активности лишени биле од слобода Е.М.(24) и А.И.(22), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “тешки кражби“ на велосипеди и Х.К.(53) од Скопје поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело “прикривање“.

Имено двајцата првопријавени извршувале кривични дела “тешки кражби“ на велосипеди, тешки кражби во подрумски простории и тешки кражби во станови на подрачјето на Скопје, по што украденото го продавале кај третопријавениот, кој ги купувал велосипедите за минимална цена и ги препродавал или ги расклопувал во делови.

Досега од сторителите се одземени 26 велосипеди, еден апарат за заварување, една бормашина, една брусалица, две рачни стеги, рачен алат и лап топ.

-Во врска со извршените кривични дела ги повикуваме сите оштетени граѓани во Полициската станица Карпош, секој работен ден од 09,00 до 15,00 часот за препознавање на велосипеди, велат од МВР.

Total
0
Shares
Поврзани објави