Учениците и студентите да достават потврди за исплата на семејната пензија

Министерството за труд и социјална политика и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија и Министерството за образование ги известуваат сите ученици и студенти кои се корисници на семејна пензија, да достават потврда од училиште или факултет за да може да продолжи исплатата на семејната пензија заклучно до 30 ноември 2020 година.

Од министерството за труд и соцвијална политика велат дека поради разни причини голем број на деца корисници на семејна пензија сеуште ја немаат доставено потребната потврда која се издава од соодветна образовна институција.

Министерството повикува во процесот на подигнување на потврдите од образовните институции и при нивното доставување до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да бидат почитувани мерките за заштита од коронавирусот. 

Total
0
Shares
Поврзани објави