Ученикот на платформата за он-лајн настава може да чита, пишува и да биде оценуван

Тимот од национални обучувачи кој е составен од 30 експерти, наставници и професори кои се занимаваат со онлајн настава, деновиве интензивно работи на националната платформа за учење на далечина со обуките на ниво на училишта и потоа на наставници.

Професорот Николче Шулевски од Битола е еден од националните обучувачи, но и претседател на Здружението Мудл Македонија, платформата која ќе се користи за онлајн наставата. Не открива повеќе детали за платформата затоа што таа ќе биде промовирана за неколку дена.

-Поставката на оваа платформа Мудл во Македонија ќе биде истовремено најголемата платформа на светот, нашето Министерство за образование, Бирото за образование и факултетот ФИНКИ од Скопје ја избраа оваа платформа која е најкористена платформа во светот за изведување на анастава, која ќе се користи во основните и средните училишта во нашата земја. Oваа платформа сега ќе го претставува целиот образовен процес, ќе биде достапна 24 часа, а на учениците постојано ќе им бидат достапни материјалите кои ќе ги учат на училиште, изјавил за Сител Шулевски.

Тој потенцира дека ќе има и друга дополнителна алатка која ќе биде за аудио и видео комуникација, а од страна на ФИНКИ платформата е поедноставена за да може секој да ја користи. Шулевски кој има 8-годишно искуство со Мудл, вели дека најголемата платформа на Мудл во моментот ја има Австрија со 230.000 учесници и 26.000 курсеви изградена во 2009 година. Таа е опен сорс платформа која ја користат голем број училишта и универзитети, а на светско ниво најмногу се користи во Шпанија. Се до овие вонредни услови, Мудл во Македонија многу малку се користеше. Во моментот има 96 Мудл страни кои претежно се страни на приватни универзитети, а досега најголемата платформа беше на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Оваа платформа нуди голем број активности и можности за изведуавње на настава.

-Ученикот може да чита, пишува, да изработува домашни задачи, да биде оценуван, да се обавува целиот образовен процес преку платформата. Таа е и организациона   алатка, алатка каде што ќе можат да се организираат класови, групи, наставникот со еден чекор се најавува, влегува во својот клас со помош на конференцискиот сервис кој ќе го имаме, а што е најубаво постојано ќе може да се следи напредокот и успехот на учениците бидејќи платформата нуди автоматски оценување, вели Шулевски.

Според неговата докторска дисертација која беше токму за Мудл, со самата платформа учениците се повеќе заинтересирани да учат.

Total
0
Shares
Поврзани објави