Унгарија ја одби екстрадицијата на Груевски

Осудениот екс премиер, Никола Груевски, се огласи со краток коментар на својот фејсбук профил откако утринава беше уапсен и донесен на сослушување пред унгарскиот суд во врска со барањето за екстрадиција.

„Денеска спроведена е стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција.

Судот го разгледа барањето за екстрадиција и одлучи да не го прифати“, напиша Груевски.

Веднаш по сослушувањето, каде Груевски се појави со капче, очила за сонце и лисици на рацете, судот одлучи да го одбие барањето за екстрадиција, бидејќи Груевски веќе доби азил од Унгарија.

Total
0
Shares
Поврзани објави