Уредба на Влада: 21 ден карантин за сите повратници од странство

„Владата донесе и Уредба за дополнување на Уредбата за примена на Законот за заштита на населението од заразни болести за време на вонредна состојба, според која, на државјанин на Република Северна Македонија, кој влегува на граничните премини во нашата држава по 13 април 2020 година, а бил затекнат во земји со висок ризик од коронавирус КОВИД-19, согласно листата на Светската здравствена организација (СЗО), му се одредува мерката строга изолација (карантин) во времетраење од најмалку 21 ден од денот на пристигнувањето во Северна Македонија“, соопшти владината прес-служба.

На денешната седница, се додава во соопштението, беше донесена и Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за спроведување на задолжителен државен карантин на државјаните вратени од странство со хуманитарни летови, според која оваа Одлука важи и за  сите државјани на Република Северна Македонија, вратени од странство и со конвои по копнен пат.

Total
0
Shares
Поврзани објави