Уште еден играч позитивен на Ковид-19, Шпанците ги прекинаа сите тренинзи пред почетокот на ЕП

Шпанскиот фудбалски репрезентативец Диего Љоренте е заразен со коронавирус, поради што се суспендирани сите групни тренинзи на тимот, соопшти Фудбалскиот сојуз на Шпанија.

Љоренте, наводно, бил позитивен на тестирање во вторникот и е во изолација, два дена откако било утврдено дека и капитенот Серхио Бускетс бил заразен со коронавирус. Останатите играчи се негативни, но сите групни тренинзи се прекинати, па 24 играчи индивидуално се подготвуваат за првиот натпревар на Европското првенство, в понеделник против Шведска.

Во тренинг центарот на националниот тим има и „паралелен тим“ од 17 играчи, кои би можеле да бидат поканети во тимот како можни замени. Играчите кои се позитивни на коронавирус мора да поминат најмалку 10 дена во изолација, што значи дека Бускец и Љоренте сигурно ќе го пропуштат мечот со Шведска. Тие најверојатно нема да бидат подготвени и за дуелот против Полска, на 19 јуни.

sportskamreza.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави