Уште важи мерката за ослободување од работа на родител на дете до 10 години

Вработените лица кои имаат малолетно дете со навршена возраст до 10 години или активно четврто одделение, за кого е неопходна домашна грижа, еден родител да биде ослободен од работа и работни активности и неговото отсуство ќе биде евидентирано од страна на работодавачот како оправдано отсуство, соопштува Министерството за труд и социјална политика.

„Мерката за ослободување на родители од работа се уште важи за еден од родителите на деца кои биле згрижени во градинка. Ова е во важност до донесувањето на следната владина одлука по препорака на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство“, се додава во соопштението на МТСП.

На почеток на корона кризата или поточно 10 март Владата на предлог на Комисијата за заразни болести при МЗ донесе заклучок за ослободување на еден родител од работа за чување на деца, која беше укината во јули годинава поради завршување на учебната година.

Total
0
Shares
Поврзани објави