Условна осуда за Моника Ристовска

Во Кривичниот суд денеска се одржа и заврши судењето за активистката Моника Ристовска, која се гони за поседување на марихуана.

Судот и додели две години условна казна, која во рок од пет години не треба да се прекрши. Моника го призна делото и изрази каење за истото. Бранител на Моника Ристовска е адвокат Јанаки Митровски.

-Никој не завршил со штетни последици по здравјето од нејзиното однесување. Обвинетата има две дијагнози, личност со битно намалена пресметливост, а во минатото кога девијантно се однесувала имала раскинати врски со семејството, предлагам на судот да изрече алтернативна мерка, условна осуда и задолжително психијатриско лекување на слобода за обвинетата да го корегира своето однесување и воспостави својата врска со семејството чија поддршка и е потребна- рече нејзиниот адвокат.

Со условна осуда на сторителот на кривично дело судот му ја утврдува казната и истовремено определува дека таа нема да се изврши ако осудениот за времето што ќе го определил судот, а кое не може да биде пократко од една ниту подолго од пет години (време за проверување) не стори ново кривично дело.

Моника Ристеска е еден од најактивните активисти за легализација на канабисот и негова широка употреба во медицинатa.

janakiznae.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави