Утре ден на жалост во Куманово , тројца од семејството во Романовце се борат за живот

Советот на Општина Куманово денеска ќе одржи вонредна седница по повод вчерашната трaгедија во село Романовце, кога од експлозија на плинска боца загинаа 4 лица. Утринава од болница во Скопје соопштија дека три лица се во животно загрозувачка состојба со скоро 80 проценти изгореници на телото. Пациентите се приклучени на апарати за дишење. Се работи за две жени и постар маж.

– Единствена точка на дневен ред ќе биде прогласување на Ден на жалост, заради трагичниот настан во Романовце. Сите граѓани на Општина Куманово се длабоко потресени од трагедијата, која се случи на семејство од нашата Општина. Во тоа име вторник ќе биде прогласен за Ден на жалост, поради изгубените четири животи на наши сограѓани – изјави претседателката Атина Мургашанска.

На Клиниката за Трауматологија, Ортопедски болести, Анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) примени се тројца пациенти и тоа две жени на возраст од 35 и над 50 години и еден маж на возраст од 65 години.

Жените имаат 80 проценти изгореници по телотот. Лекарите кажуваат дека се приклучени на апарати се наоѓаат во исклучително тешка состојба. Третиот пациен е со 45 отсто изгореници.

– Состојбата на двете жени е доста тешка и критична, но се бориме со максимални сили да ја стабилизираме нивната состојба. Се работи за тешки изгореници, повреди и изгореници над 80 отсто, а мажот има изгореници кои се 45 отсто. Мажот има 65 години, а жените се на возраст од 35 и 50-тина години. Немаат други повреди, изгорениците се предоминатнти и тројцата се на апарти за вештачко дишење , рече д-р Илир Хасани.

И останатите тројца пациенти кои се сместени на линиката за хируршки болести „Св. Наум Охридски се во тешка состојба.  Триесет и едногодишна пациентка има изгореност на телото од 80 проценти.

– Таа е во крајно тешка состојба и е на машина за вештачко дишење и е со изгореници на дишните патишта. Втората пациентка е на 28 години со 25 отсто изгореници, таа е во седми месец од бременоста и состојбата се следи, како и дете на 10 години, кај кој има 75 осто изгореници. Сега е во стабилна, но тешка состојба , рече д-р Љубен Арсенков.

извор: kumanovonews.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Груевски најави враќање?

По повод свеченото пуштање на автопатот Скопје Штип екс премиерот Никола Груевски на својот ФБ профил детално напиша…