Утрово неколку земјотреси ги разбудија битолчани

Утрово неколку земјотреси беа почувствувани во Битола. Најсилниот потрес се случи во 6, 26 часот со магнитуда од 5 степени по Рихтер и ефект на силно тресење. Вториот потрес со иста јачина, само пократок се случи седум минути подоцна, поточно во 6,33 часот. Потоа следуваше и трет со магнитуда од 4, 1 степени по Рихтер. Сите три удари беа во близина на Корча, Албанија, а се почувствуваа и во нашата земја. Епицентарот на првиот и најсилен удар беше на 11 километри од Корча  со длабочина од 10 километри.

Потоа, до 8,20 часот, следеа уште три потреси, но, со помал интензитет.

Во Битола нема материјални штети.

Total
0
Shares
Поврзани објави