Вештаци без лиценца ги испитувале телефоните на осомничените за 27 април

Со испитување на вешти лица од МВР денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за наводните организатори на крвавиот четврток. По барање на Обвинителството сведочат тројца вештаци кои ги испитувале и анализирале мобилните телефони на обвинетиот Трајко Вељановски, Крсто Мукоски, Антонио Кочков, Сашко Коцевски и Елена Доцевска Божиновска.

Тие пред судот изјавиа дека како вработени во одделението за компјутерски криминал и дигитална форензика во МВР ги испитувале мобилните телефони по барање на Обвинителството.

Наведоа дека ги вештачеле уредите ама не биле дел од регистарот на вешти лица во министерството за Правда.

Поради ова одбраната се сомнева во веродостојноста на информациите обезбедени од мобилните.

Адвокатите сметаат дека со тоа се фрла сомнеж за точноста на вештачењата но и дека тие можеби се пресудни за исходот на кривичната постапка. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави