Видео: Ајан имаше една новогодишна желба , за замине од болница и да си оди дома

За Нова година тригодишниот Ајан имаше само една желба – да си оди дома! Завчера, откако го победи канцерот, тој свечено и силно заѕвони на ѕвончето за оздравување, или ѕвончето за чао, како што го викаат децата на клиниката, додека персоналот го поздравуваше со аплауз.

Ајан за Нова година ми шепна дека има само една желба – да си оди дома! Конечно Ајан истрча и со нетрпение ѕвонеше на ѕвончето колку што може посилно, да слушнат сите дека оздраве и дека победи, но и дека сега ништо нема да го сопре! Браво Ајан! <3 Благодарност до целиот медицински тим на Клиниката за детски болести, кои го даваат својот максимум за грижата за нашите најмали и најмили. Горд сум на вас!

*Видеото е одобрено од родител.

https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/215530696478233/

извор: Венко Филипче и Клиника за детски болести

Total
0
Shares
Поврзани објави