Видео: Чернобил се уште зрачи и убива

Лажицата од најверојатно некој багер кој бил користен во големото чистење на радиоактивните материја во Чернобил, и понатаму стои спуштена длабоко во шума.

Експертите сметаат дека е толку радиоактивна што само еден допир може да ве убие.

Лажицата за ископување ја открил истражувач и експерт за радијација Роб Максвел при обиколка во Украина во 2011 година.

Багерот таа кобна 1986 година, кога се случила нуклеарната катастрофа во Чернобил, отстранувал делови од многу радиоактивни материи кои после експлозијата биле расфрлани насекаде.

Ова е најопасниот објек во целото подрачје на таканаречената забранета зона.

„Може да биде смртоносна. И денес постојат голем број работи кои на долги стази може да ве убијат, но оваа „канџа“ дефинитивно е најопасна, бидејќи може лесно да ѝ се пријаде. Водичот цело време велеше: „Не допирајте, не допирајте!“, објаснува Максвел.

Тој дури и ставил рака во внатрешноста за да го измери нивото на радијацата.

„Дали бев згрижен, секако! Не беше лесно затоа што бројачот полуде, но при едно броење измери 39.80 микросиверти по час“, рекол тој.

Смртоносната доза радијација е некаде околу 10,000,000 микросиверти.

Total
0
Shares
Поврзани објави