ВИДЕО: Детето ја разбуди мајката и го спаси семејството од пожар, следниот ден им изгоре и плевната – семејство од село Русиново остана без ништо

Откако семејството Воденски од беровското село Русиново го изгуби својот дом во пожар, се запали и нивната штала и огнот пеплоса се што имаше во неа. Изгореа трактор со цела механизација, млинови и останти алати. Во моментот на несреќата, семејството било сместено во куќа во Владимирово, која по пожарот им ја обезбеди општината, а веста дека и она што малку останало изгорело во нов пожар им ја кажаел роднини.

https://www.facebook.com/delcevo365.mk/videos/1908695655943609/

Ни кажаа дека, плевната заедно со козите кои ги чувавме и тракторот целосно изгореле. Ни изгоре куќата, сега и плевната, тоа е нов шок за нас. Моите родители примија медицинска помош за полесно да го пребродат шокот кој го доживуваме. Останува да се надеваме на помошта на хуманите граѓани, вели Маринчо Воденски.

Кога изгорела куќата семејството било дома. Во пожарот, како што вели Велика Воденска, изгореле сите нивни документи, како и дел од нивната заштеда. 

Отрчав право накај мажот да го разбудам, фрлив колку еден сад вода, таванот беше висок и не можевме ништо да спасиме, бидејки се прошири огнот, излеговме надвор за да спасиме жива душа. Ни изгоре пензијата и нешто пари кои ги имавме како заштеда. Живееме 41 година во оваа куќа. Мажот ми е болен има шизофренија и се одржува со лекови, исто како и синот кој се разболе по војската. Навистина ќе ни треба помош, бидејки се што имавме е во пепел, вели Воденска.

На семејството Воденски во моментот му е потребна итна интервенција за изградба и адаптација на објект за живеење. Освен тоа тие немаат храна и секоја помош од хуманите граѓани ќе им биде добредојдена.Контакт телефон за помош:  077-545-630 Маринчо Воденски.

Total
0
Shares
Поврзани објави