Видео: Доктор Жан Митрев го посети Иван Огњановски, пациентот на кој му беше направена првата трансплантација на срце во државава

Доктор Жан Митрев денеска го посети Иван Огњановски, пациентот на кој му беше направена првата трансплантација на срце во државава.

Иван е во добра здравствена состојба и по препораките на доктор Митрев веќе се подготвува за отпуст од болницата и понатамошно лекување и нега во својот дом.

Иван со нетпрение ја очекуваше средбата со доктор Митрев за што и стана и се поздрави со доктор Митрев со цел сите да ги увери во својата желба да оздравее и што поскоро да се врати на нормалниот живот.

Во неговото опоравување во континуитет сите изминати денови се вклучени лекари од нашата клиника кои со колегите од државната кардиохирургија секоја минута ја следнат неговата здравствена состојба.

Соработката помеѓу Zan Mitrev Clinic и тимот на државната кардиохирургија продолжува и понатаму а посебно кога станува збор за тешко болни пациенти.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Кико почина

Иако беа собрани парите за лекување во Турција малиот Кико од Долни Балван почина. Не издржа да замине…
Повеќе

фото -Најнова вест !- Нашите спасувачи од доброволното противпожарно друштво од Чаир „Бајрам Мифтари“ извадија преживеана жена од урната зграда во Турција

Четворицата членови од доброволното противпожарно друштво од Чаир „Бајрам Мифтари“ од Скопје вечерва успеаа да пронајдат и спасат жена…