Видео: Експлозија во центарот на Белград, еден загинат

Едно лице загина, а две се повредени во експлозија која утринава се случила на градилиште во близина на Српската државна телевизија, јавува РТС.

До експлозијата дошло кога работници носеле боци со гас.

видео од местото на екслозијата од РТС

Од силната експлозија оштетени се неколку паркирани автомобилиу. Силната детонација одекнала околу 9.45 часот во Белград.

Во Министерството за внатрешни работи на Србија не можеле да потврдат за инцидентот, а во Итната помош рекле дека екипите се упатени на местото на експлозијата.

Total
0
Shares
Поврзани објави