ВИДЕО: Како ќе ми ги вратат парите прашајте го Бојан

Два часа бизнисменот Сиљан Мицевски денеска даваше исказ во Обвинителството за гонење организиран криминал во врска со случајот „Рекет“, пренесе НоваТВ.

Мицевски беше повикан во Обвинителството од обвинителката Русковска како лице кое треба да даде „потребни известувања“ за случајот.

Мицевски кажал дека 720.000 евра префрлил на сметката на Меѓународниот сојуз, а не на сметката на пензионерката Лилјана Тодоровска, како што таа тврдеше.

– Прашајте го Бојан како ќе ми ги врати парите. – кажа Мицевски, на новинарско прашање на кој начин очекува парите да му бидат вратени.

Тој негира дека имал средба со Боки 13 и рече дека партите ги префрлил преку банка директно на сметка на Сојузот.

Откако изби аферата „Рекет“ пензионерката Лилјана Тодоровска тврдеше дека Сиљан Мицевски префрлил на нејзина сметка пари за авторски договор за изградба на старечки дом. Откако банката алармирала за големиот износ на пари кои биле префрлени, реагирала Управата за финансиско разузнавање, но тогаш Мицевски рекол дека зделката е легална и дека за парите е платен данок.

Total
0
Shares
Поврзани објави