Видео : Несреќата на метрото во Мексико Сити снимана од сигурносна камера – загинаа 20 луѓе

Надвозник се урна во главниот град на Мексико во момент кога низ него  минуваше метро. Има најмалку 20 загинати и над 70 повредени, јавија локалните медиуми.

Засега не се познати причините за трагедијата.

Инцидентот се случил на отворен дел од системот за брз транзит. Снимките за надзор покажуваат движење на автомобили и моментот на уривањето.

Сообраќајот со метрото е запрен. На местото на трагедијата се упати и градоначалничката на Мексико Сити, Клаудија Шинбаум. Речиси 5,5 милиони луѓе користат метрото во Мексико Сити секој ден. Има 12 линии и 195 станици.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави
Повеќе

5 милијарди казна за Facebook

Американските регулатори му изрекоа рекордна казна од пет милијарди долари на Фејсбук поради скандалот со откривањето на личните…