(ВИДЕО) Пекол во Индија: Луѓе умираат на паркинзи додека чекаат кислород

Светската здравствена организација денес соопшти дека само во текот на изминатата недела половина од бројот на новозаразени во светот биле регистрирани во Индија, каде што беснее двојниот индиски мутант, кој е многу попренослив од претходните соеви.

Според СЗО, дури 46 проценти од вкупно регистрираните на глобално ниво, биле токму во Индија, како и 25 проценти од починатите во светот од корона вирусот.

Здравствениот систем е на колена. Угледниата агенција Ројтерс наведува дека мртовечниците  и болниците се преполни, а многумина починале и во возилата на итна помош или на паркинзите, чекајќи кревет или кислород.

Светските агенции веќе со денови известуваат дека кислородот и лековие драстично поскапуваат.

Фото: reuters

Total
0
Shares
Поврзани објави