ВИДЕО: По ампутирација на двете нозе холанџанка прооде со посебни помагала!

Пред скоро време станав добра пријателка со г-ѓа Марлеен од Холандија , со дупла ампутација на колена, која има неверојатна животна вистина и ја сподели со светот. На социјалните мрежи оваа неверојатна сторија ја сподели Снежана Караџовска, жена која жестоко се бори и таа еден ден да може да застане на нозе по ампутација на двете.
Еве дел од сторијата:

” На 23.01.2016 година брзав во болница. Бев бремена 36 недели, а ужасно се чувствував веќе една недела”, вака ја почнува својата приказна г-ѓа Марлеен.
Во 37 -мата недела од бременоста дознала дека срцето на бебето кое го носи веќе не чука. Во ужасни болки ја повикува бабицата која во тој момент констатира дека нема време да повика амбулантна кола и со своја кола ја носи до болница која е на 20 минути од нејзниот дом. Кога пристига таму е веќе во бесознание и ја губи меморијата во наредниет два месеци. Исто така и незининото момче пристигнало во болницата и го информирале дека бебето умрело и дека најверојатно и таа ќе умре. Констатирано е дека ретка болест на црниот дроб кој предизвикува крварење поради кое не можело да се извади мртвиот плод со царски рез и морало по природен пат.
Таа тоа го опишува како почеток на возење со ролеркостер во пеколот. Следните 7 недели е префрлена на интензивна нега во Ротердам каде што се специјализирани за пресадување на црн дроб без кој зафат таа би умрела. Марлее имала среќа бидејќи за само една недела добила црн дроб од анинимен донатор и е многу благодарна.

Иако операцијата е успешна , штетата од болеста го направила своето. Се здобила со големи оштетувања на тенките и дебелите црева, со хируршки интервенции и правање строми внатре и отстранување на 20 сантиметри од дебелото црево. , оштетување на бубрезите по што следела дијализа со недели и на крај ампутација на двете нозе над колена!

Ја заджале во болница уште еден месец и ја пратиле во центар за регабилитација. Но поради компликации на стомата по 4 дена повторно ја враќаат во болница каде што лежи уште 6 недели. За да се отсрани стомата следи уште една операција од која брзо се опоравува. За несеќа нејзиното тело почнува да го отфрла црниот дроб,но со многу соодветни лекови и лекарска грижа успева да го задржи црниот дроб.

Кога се вратила во центарот за рехабилитација ја гледале со сомнеж дека повторно ќе прооди, но кога ја виделе дека има цврста волја за тоа и кажале дека овој центар не е стручен за надколена ампутација и и препорачале оссеонтеграција.

Раскажувајќи ја својата животна приказна Марлеен се навраќа и со стекнатото искуство може да каже дека најдоброто нешто во новиот центар за регабилитација е тимот составен од фицијатар, протетичар и физиотерапефт кои работеле со ниеа и му наложиле на Фондот за здраство дека C-leg i osseointegracija највеќе и одговараат. После тоа ја ставаат на листа на чекање.

…………….

Вознемирувачко за неа бил фактот дека не ја собирало во количка поради отоци, но пак со соодветна терапија се ослободила од отоците и продолжила со втората фаза од операцијата на 28.05.2018.

Имплантите веќе беа соединети со кожата и одвај чекав да се ослободам од притисокот. Влегов на операција во 7 сабајле која траше 9 часа а веќе попладне одев дома. За разлика од првата операција по втората скори и да немала блки.
После три нделеси се ослободило место во групата за рехабилитација и првиот ден одма застанала на забој со C-leg. Физиотерапевтите се фокусирале на техниката за како да се спречат болките во грбот. Кога виделе дека е спремна ја однеле во вистинскиот свет. Тоа значи ја пипремиле за живот нормален помеѓу луѓе, неравнини, брда…Најголем предизвик и било движењето помеѓу луѓе.

Total
0
Shares
Поврзани објави