Видео: Родители , тинејџери и деца се забавуваат во детски парк, бројот на заразени од Корона расте!

По укинувањето на полицискиот час и олабавувањето на мерките од вонредната состојба, во скопска Кисела Вода е отворен забавен парк за деца. Во паркот има разни реквизити за забава на децата меѓу кои колички за возење , лулашки и друго. Вечерва во паркот имаше поголема група тинејџери на еден од поголемите реквизити, а деца помали беа на количките. Други пак со родители се шетаа и љубопитно гледаа. Иако во паркот вработените на тинјџерите им ги прскаа рацете со средство за дезинфекција поголемиот дел од нив немаа маски и кога седат на реквизитите не држат дистанца од минимум едно метро и половина.

Родителите комотно се шетаа со децата иако денешните бројки на заразени се алармантно зголемени, а и вестите од болниците се дека вирусот опасно напаѓа брзо ги разорува белите дробови и органите поради што пациентите кои ги примаат во болница за едно деноноќие во тешка состојба завршуваат на респиратор.

видеото е сопственост на порталот Dosie.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави