ВИДЕО: Спасена малата Бисера чии родители молеа за помош, а на Клиника беа бркани со полиција

Малата Бисера ја запозна јавноста кога нејзините родители објавија видео снимка од девојчето кое едвај диши, а лежи со месеци на Детска клиника. Родителите и покрај големата упорност беа одбивани детето да биде третирано. Тогаш клиниката објави дека мајката била болна во текон на бременост имало документи според кои детето би имало последици но наводно не биле подигнати од родителите. Потоа од клиниката објаснија дека детето поради таа состојба има многу инфекции и дека од таму ќе сторат се што можат.

Но по притисок на јавноста бебето е префрлено во Жан Митрев Клиника и излечено од сите инфекции и проблеми. Од клиниката објавија видео на кое ја објаснуваат целата постапка на лечењето и го поопштија најважното дека малата Бисера заминува дома жива и здрава.

Total
0
Shares
Поврзани објави