ВИДЕО: Уапсен вевчанецот кој ќе ги колеше и бесеше Заев и Пендаровски

Полицијата го приведе 45-годишниот вевчанецот кој упати закани за убиство на премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски. Тој е приведен поради сомнение дека сторил две кривични дела, загрозување на сигурноста и ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. Полицијата извршила претрес во неговиот дом.

„Тој, на својот „Фејсбук“ профил, како и на повеќе електронски портали, објавил видео клип со заканувачка содржина, промовирал и поттикнувал омраза, дискриминација и насилство кон други лица. При претрес извршен во неговиот дом, а врз основа на наредба од судија на претходна постапка, пронајдени се и одземени лап-топ компјутер и други предмети поврзани со делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Вевчанецот кој се претставуваше како „господин Поповски“ објави видео на „Фејсбук“, кое беше пренесено и на „Твитер“, во кое извикуваше „Умри Зоран Заев, Стево Пендаровски умри, готов си од мене“.

„Ќе те бесам, ќе те колам, само да ми паднеш во раце. Господин, господин Поповски, само да не ми паднеш во раце. Ова е господин Поповски и сакам само апел, дека до година, твојата фамилија да носи црно за тебе… Зоран Заев е готов, на чивилук ќе те бесам.. Крст ќе ти ставам, еве овој крст, ќе те колјам, Зоран Заев, што си предавник на македонскиот народ кој трпи.. Но нема да трпи… Јас ќе те бесам… Маме мамино ќе ти го **ам Зоран Заев. На сите министри, фамилијата, црно да носи.. Поздрав од господин Поповски до целата Влада која ќе се фати, кога-тогаш, црна Влада. Умри Зоран Заев, Стево Пендаровски умри, готов си од мене. Еве ви го крстот ќе ве беси“, вели приведениот во видеото.

Total
0
Shares
Поврзани објави