ВИДЕО: Урнат домот на нарко босот Пабло Ескобар, ќе се гради парк во чест на жртвите од наркотероризмот

Осумкатната зграда во Меделин, во која некогаш живееше колумбискиот нарко-бос Пабло Ескобар, е дигната во воздух. Зградата е уништена во обид градот да се огради од сеќавањата за Ескобар.

Одлуката за тоа ја донесе градската управа на Меделин кои се надеваат дека на тој начин ќе се намали интересот кон личноста на наркобосот убиен од полицијата во декември 1993 година.

Зградата позната како Монако, беше симбoл на луксузот во кој живееше Eскобар. Беше урната за само неколку секунди.

На тоа место ќе има парк од 5.000 квадратни метри во спомен на жртвите од наркотероризмот во Колумбија. Самиот Ескобар се смета за одговорен за смрт на околу 6.000 луѓе. Ескобар беше убиен од полицијата на 44-годишна возраст кога се обидуваше да побегне по покриви на Меделин.

Total
0
Shares
Поврзани објави