Видео : Захариева до Бучковски – Не може да имате идентитет на одрекнување од бугарските корени

Специјалниот преговарач на Владата на Заев, Владо Бучковски денес е во Софија каде оствари средба со бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева. Бучковски имаше обид да ја „омекне“ Захариева, но не наиде на пријатно однесување.

Захариева ги повтори бугарските тврди позиции и потенцираше дека веќе било кажано што се бара од Македонија. Таа посочи дека државите не можат да признаваат или негираат туѓ идентитет и нација, но притоа нелогично истакна дека македонскиот идентитет не може да се базира на одрекнување на бугарските корени.

-Тие ја градат нацијата и идентитетот на антибугарска основа за жал. Јас денеска не сакав да ја објаснувам нашата позиција мислејќи дека добро сум ја објаснила во едно свое излагање. За жал таму продолжуваат да добиваат избори само на антибугарска реторика. Тоа не може да продолжи. Не може да продолжат да се воспитуваат поколенија кои го градат својот идентитет на база на одрекнување и омраза кон соседна држава, вели Захариева.

Инаку според Захариева македонски идентитет е креиран на база на одрекнување од Бугарија

– Не спориме со нивното право на самоопределување, ниту со правото да си го нарекуваат јазикот како сакаат. Подготвени сме уште еднаш да ги потврдиме актуелните реалности, но тие мора да ја прифатат историската вистина, изјави претходно Захариева

Според неа нивните грижи потекнуваат од бескрајните тврдења за македонско малцинство во Бугарија, а признавањето на бугарските корени ќе му стави крај на тоа.

Total
0
Shares
Поврзани објави